-->
-->
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-->

Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот во Женева со 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2).
Мечот траеше 3 часа и 8 минути.
Ѓоковиќ ја освои својата 100-та АТП титула во кариерата. Вкупно, тој има 143 финалиња.
Триесет и осумгодишниот Србин стана третиот тенисер во Отворената ера со 100 победи во финалињата на АТП турнирите. Тој има 24 Грен слем титули, седум титули на АТП финалињата, 40 титули на Мастерс турнирите, 15 титули на АТП 500, 13 титули на АТП 250 и златен олимписки медал.
Ѓоковиќ им се придружи на Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
