Гир тврди дека нема можност за подобар договор, рокот за преговори со ВМРО-ДПМНЕ до гласање на уставните измени
Нов договор со Бугарија и дополнителни гаранции од Унијата не треба да се очекуваат.
Евроамбасадорот Дејвид Гир од Преспа Форумот со одговор на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, вели македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка без никакви квалификации, тоа го зацврстува и македонскиот идентитет.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ очекува сите партии да ги стават државните интереси пред се, а процесот на менување на Уставот што побрзо да се заврши во Собрание.
Партиите пак не отстапуваат од своите толкувања на исходот од лидерската. Опозицијата ја повика власта да не губи време, па наместо за неколку недели веднаш да ги достави уставните измени и да го заврши процесот, ако се сигурни дека имаат двотретинско мнозинство. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ велат е концизна.
Иако опозицијата секојдневно повторува дека нема да прифатат измени под бугарски диктат, СДСМ не ја менува реториката, тврди дека има доближување на ставовите и дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ требало да продолжи.
Владата пак потврди дека краен рок за преговори со ВМРО- ДПМНЕ е денот кога уставните измени ќе бидат ставени на пленарна седница.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
