Гасли: Алфа Таури ќе се бори со Ферари и Мекларен на сите патеки
Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли е оптимист во врска со изгледите на тимот по одржаната трка за Големата награда на Бахреин.
Французинот имаше петто време во квалификациите. На трката, тој го загуби предното крило, а потоа мораше да се откаже.
– Со оглед на темпото што го покажавме во текот на викендот, мислам дека можеме против Ферари и Мекларен. Ова е позитивен знак. Верувам дека ќе се бориме со нив на сите патеки. На првата трка сезонава пропуштивме да освоиме неколку добри поени. Позитивно е што имавме многу силно темпо во квалификациите, на долгите потези во петокот изгледавме добро. Затоа треба да продолжиме да работиме, да се фокусираме на следната фаза за да ги собереме бодовите. Сигурен сум дека ќе се вратиме во борбата, заклучи Гасли.
Следната трка ќе се вози на 18 април во Италија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
