Францускиот феномен Вембанјама очекувано прв избор на НБА драфтот

Сан Антонио очекувано на овогодишниот НБА драфт одржан изминатата ноќ во Њујорк како прва опција го избраа 19-годишното француско кошаркарско чудо Виктор Вембанјама, кој во најдобрата лига на светот доаѓа откако на големо изненадување ја однесе екипата на Булоњ до финалето во францускиот шампионат.
Висок 223 сантиметри, Вембанјама поседува одлична кошаркарска техника поради што може подеднакво квалитетно да игра во и надвор од рекетот.
Речиси сите кошаркарски експерти се едногласни во оценката дека 19-годишниот Французин ќе блесне во НБА лигата веќе во својата дебитантска сезона, а неговото доаѓање меѓу најдобрите светски кошаркари привлече најголемо внимание уште од 2003 година кога прв избор на драфтот беше Леброн Џејмс.
„Ова е остварување на нешто за што сонував целиот живот“, изјави Вембанјама на драфт церемонијата во Њујорк.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
