Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада. Со поддршка од 67 пратеници за и 13 против беше донесена потребата од измени на законот за влада по скратена постапка. Според заменик министерот за јавна администрација, со предложеното законско решение државните институции ќе гарантираат фер изборен процес со што ќе се заштедат и пари на граѓаните.
Пратениците од власта и опозцијата се судрија со различни ставови. И СДСМ и ДУИ побараа повлекување на законското решние, бидејќи државата не е подготвена за укинување на механизмот кој треба да обезбеди фер и демократски избори.
Опозицискиот лидер пак вели – техничката влада беше донесена со консензус помеѓу најголемите пратии и така треба да биде укината.
Со предложеното законско решние техничка влада 100 дена пред избори ќе се формира само уште за следните парламентарни избори. Со пржинскиот договор во 2015-та беше договорено најголемата опозициски партија да ги води министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, а свои заменици да има во уште три ресори. Власта пак 100 дена пред изборите го менуваше премиерот.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
