Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта

Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември.
Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд во Масачусетс пресуди во корист на тужителите, меѓу кои е и Лигата на жени гласачи на Масачусетс. Со својата одлука, таа ја прошири забраната што првично ја донесе во јуни, а која тогаш важеше за 23 федерални држави и округот Колумбија.
На 31 март, претседателот Трамп ја потпиша Извршната наредба 14399, насловена како „Обезбедување верификација на државјанството и интегритет за федералните избори“.
Во исто време, Врховниот суд сè уште го разгледува барањето на администрацијата на Трамп за укинување на претходната, делумна забрана што судијата Талвани ја објави во јуни. Целиот правен процес се одвива непосредно пред изборите за Конгресот во ноември, каде што гласачите ќе одлучат за идното мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот.
МИА
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
