Европските лидери и земјите од Западен Балкан на Самит од Берлинскиот процес во Тирана
Европските челници и регионалните лидери од Балканот утре на заедничка маса во Тирана ќе разговараат како земјите од Западен Балкан да ги искористат поволнотстите на Унијата пред полноправно членство.
Во Тирана патува шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, а ова е првпат состанок на Берлинскиот процес да се одржува во една од земјите во регионот на Западен Балкан.
Првиот човек на македонскиот центар за меќународна соработка, Кржаловски кој е дел од Форумот на граѓанскиот сектор кој претходи на Самиот вели дека состанокот во Тирана е своевидна порака од Брисел, за подготвеноста на Албанија кон полноправното членство. Но не може да се очекува премногу од состанокот бидејќи се случува на само неколку месеци пред европските избори, вели Кржаловски.
И невладините организации од Форумот во Тирана испратија и порака дека процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан трае предолго, а тоа влијае и демотивирачки за граѓаните во сите земји.
Самитот ќе биде можност претставниците на ЕУ да разговараат со регионалните лидери за новиот План за раст на западен Балкан, кој моментно го подготвува ЕК и кој има цел уште отсега да им овозможи пристап до единствениот европски пазар, регионалната економска соработка, забрзувањето на фундаменталните реформи и зголемената финансиска поддршка.
Македонија во Тирана ќе ја претставува премиерот Димитар Ковачевски.
Инаку Самитот на Берлинскиот процес доаѓа по изјавите на Мишел и на Макрон со кои ги поставија контурите за идното проширување на ЕУ, но и силната поделеност на земјите членки.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
