Европската перспектива и регионалната соработка во фокус на средбите на Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум 2026 остварил повеќе билатерални средби со негови колеги, португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи, Емануеле Ѓауфрет.
За средбите Муцунски информираше преку Фејсбук, нагласувајќи дека имал исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум, а соопштение објави и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На средбата со министерот Рангел, истакна Муцунски, ги потврдиле одличните билатерални односи и разговарале за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата активна улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност.
- Со министерот Коњуфца разменивме мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси, како и за понатамошно зајакнување на соработката во овој контекст. На средбите со директорите Рокфеј и Ѓауфрет разговаравме за напредокот во пристапниот процес, имплементацијата на Реформската агенда, со посебен акцент на владеењето на правото и јавната администрација, како и за поддршката во овие процеси и актуелните случувања во регионот и Европа - објави министерот.
Муцунски вчера во рамки на учеството на Форумот се обратил на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување).
Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски истакна дека поврзаноста денес претставува клучен елемент за економската отпорност, регионалната стабилност и одржливиот развој, особено во услови на зголемена геополитичка неизвесност и трансформација на глобалните синџири на снабдување. Тој нагласи дека земјава, како држава со стратешка позиција на крстопатот меѓу Европа и поширокиот евроазиски простор, има активна улога во унапредувањето на регионалната инфраструктурна и транспортна поврзаност.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
