Македонија
19. April 2026 - 19:59

Со нови линии до повеќе туристи

Охрид со засилена авиоповрзаност до повеќе туристи .Со новите авио линии во пресрет на летната сезона градот дополнително се  позиционира како атрактивна туристичка дестинација . Иако војната на Блискиот Исток предизвика бран откажувања и реорганизација на летовите сепак тоа не се одрази врз македонскиет аеродроми.

Според туристичките работници  реконструкцијата на   аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид значи повеќе можности за туризмот и  поефикасно и попријатно искуство за патниците.

Од Охридскиот аеродром, во летниот распоред , осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации од кои 14 се редовни преку целата година и сезонски дестинации додека три се чартер летови.