Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот

Околу 150 деца од предучилишна возраст, основно и средно образование, денеска со спортски активности беа дел од настан што се одржа кај Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како дел од заложбата за развој и примена на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.
Претседателката Сиљановска-Давкова им порача на децата да се движат, да вежбаат, да јадат здрава храна, да ја одржуваат хигиената. Им укажа на придобивките од физичката активност и правилната исхрана. Посочи дека во тек на нејзиното детство физичкото образование бил многу важен предмет и оти со нетрпение се чекале тие часови, а денес како што рече, како да не е доволно застапено.
- Вежбајте ги телото и умот. Ако не го употребувате умот, ќе згасне. Ако не го вежбате телото, ќе се деформира. Ако ги вежбате двете, тогаш резултатот ќе биде видлив. Од деца да се учите да спортувате, да ја чувате природата, да вежбате, здрава храна да употребувате, конзервираните нешта да ги заборавите, оти што поубаво изгледаат, мирисаат, толку поштетни се, порача Сиљановска Давкова.
Кога се движиме, укажа таа, не само што топиме калории, тоа е здраво и за нашето тело и за умот кој работи подобро кога се движиме. Нашиот народ опстојувал низ историјата заради евтината здрава храна, најчесто овошје и зеленчук, а јаделе месо кога треба во зима, рече претседателката и истакна дека физичкото образование е еден од најважите предмети и се усовршува во сите можни правци на Факултетот за физичко образование, култура и здравје.
Поздравувајќи ја иницијативата за настанот од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потенцираше дека факултетите не треба да се занимаваат само со областа за која се специјализрани, туку и за здравјето.
- За здравјето во државава не можеме да се пофалиме и страшно ме загрижува кога по улиците гледам луѓе со прекумерна тежина ама и деца со прекумерна тежина, оцени претседателката на државата.
Целта на иницијативата во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, поддржана од претседателката Сиљановска-Давкова, е да развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичка активност, здрави навики и ментално здравје кај децата од 6 до 14 години, врз основа на постојните национални податоци за физичкиот фитнес и нутритивниот статус.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
