ЕП Одбојка: Утре се играат полуфиналните дуели

ЕП во одбојка полека се ближи кон крајот. По синоќешните дуели формирани се полуфиналните двојки кои се на програмата утре. Македонија во конечниот пласман го освои 16-тото место.
Според очекувањата, фаворитите се пласираа во полуфиналето. Полска во пресметката со Србија славеше со 3-1 иако го загуби првиот сет со 28-26. Во следните три сета доминираше селекцијата на Полска а клучен беше четвртиот сет кој заврши со резултат 36-34.
Полска во полуфиналето ќе игра против Словенија. Овој натпревар се игра утре во 18ч.
Многу потешко до полуфиналето дојде домаќинот и бранител на трофејот Италија која во пет сета ја совлада селекцијата на Холандија .
Противниците се менуваа во водството. Холандија го освои првиот сет но потоа следуваа два сета на Италијанците. Лалињата израмнија на 2-2 по што се играше мајсторката во која домаќинот победи со 15-12 и се пласира во полуфиналето каде за противник ќе ја има Франција во терминот од 21.15ч.
Македонија во конкуренција на 24 селекции го освои 16-тото место што е најдобар пласман досега на нашиот национален тим. Остваривме две победи против Данска и Црна Гора.
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
