Џон Бон Џови спасил жена која стоела на раб од мост | ВИДЕО

Американскиот рок-музичар Џон Бон Џови е снимен како се обидува да убеди жена да се тргне од ивицата на мостот во Нешвил.
Американскиот пејач наводно снимал спот за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.
На снимката од надзорната камера споделена од локалната полиција се гледа како фронтменот Бон Џови и член на неговата екипа и приоѓаат на вознемирената жена, повикувајќи ја да се врати на безбедно.
Полицискиот оддел во Нешвил го сподели видеото на својот канал на Јутјуб и рече дека пејачот и помогнал на „очајната жена“.
„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што и помогнаа на една жена на пешачкиот мост Сајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
