Две сестри оставија видео порака и скокнаа во смрт, тинејџерките се нови жртви на играта „Син кит“

Две девојки од Русија, Марија (12) и Анастасија (15), извршиле самоубиство скокајќи од зграда, а полицијата истражува дали оваа трагедија е поврзана со играта “Син кит” кои младите ги повикува на самоубиство.
Синиот кит се вратил и опасен е повеќе од било кога. Крвав напад во Русија е поврзан со игра на смрта, која убива деца во 50 чекори.
Несреќата се случила во градот Ижевск, а телата на сестрите пронајдени се во снег под прозорот на станот во кој живееле.
Се стравува дека во последните неколку години стотина руски деца си го одземале животот, откако почнале да ја играат озлогласената онлајн игра “Син кит”, која преку 50 чекори ги води во смрт.
Полицијата ќе ги истражува нивните мобилни телефони и компјутери, како би утврдиле дали тие се жртви на истата игра.
Само неколку секунди пред смрта, Марија на социјалните мрежи ставила слика од своето момче, каде што од срце и смајли му порачува “Те молам прости ми. Те сакам многу. Знам дека ќе најдеш подобра од мене”.
Анастасија преку видео порака се простила од сите: “Збогум на сите! Ве сакам сите! Вистина е. Ве сакам сите многу, многу многу ве сакам”.
Пред четири месеци началникот на Оделение за сузбивање на сајбер криминал при руското министерство на внатрешни работи, предупредил дека во текот на минатата година откриени се 1.339 онлајн групи кои повикуваат на самоубиство, кои имале повеќе од 12.000 корисници и преку 200.000 постови.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
