Loading Video...
Македонија
17. јуни 2026 - 16:36

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија

Европратениците го усвоија извештајот за напредокот на Македонија, но Вториот протокол од договорот со Бугарија останува.

338 европратеници го одбија амандамот на известувачој Вајц со кој се бараше бришење на ставот кој бара Заедничката историска комисија меѓу двете држави да постигне „јасни и опипливи резултати“ засновани исклучиво на „објективни, автентични и докажани историски извори“. Ова во пракса значи дека секој напредок на Македонија на европскиот пат зависи и од напредокот на работата на историската комисија, аргумент кој Бугарија ќе може да го користи за нови уцени. 

Токму од овие причини премиерот Мицкоски, пред гласењето, порача дека овој амандман треба да биде усвоен бидејќи е шанса ЕУ да докаже дека билатерланите прашања не се пречка за интеграција.

Амандманот на Вајц, но и палењето на возилата на бугарската амбасада доминараа на вчерашната дебата за извештајот. Бугарските европратеници обвинија дека Македонија ги крши човековите права, а нападот врз амбасадата го оценија како напад врз бугарската држава но и самата Унија. 44-годишниот скопјанец осомничен за предизвикување општа опасност од денеска е во 8-дневен притвор, а целосно расчистување на инцидентот очекува и премиерот Мицкоски.

„Одземени и уредите за комуникација, да видиме дали можеби имал комуникација во периодов, да видиме со кого имал комуникација, која е содржината на таа комуникација, така што распитот со сторителот сè уште трае. Јас не би брзал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но она кое што сакам да го кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада и ќе постапиме во рамки на законските ингеренции кои што ги имаме. Очекувам дека ќе биде расветлено сето она кое е во позадина на овој случај“, рече Мицкоски

Извештајот кој денеска беше усвоен нотира одреден напредок во реформите, но владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат најслаби точки, а особена загриженост предизвикуваат измените на Кривичниот законик.

Извештајот според СДСМ е само потврда дека реформи нема.

Не станува збор за никаква заштита на македонскиот национален идентитет од страна на Мицкоски, туку за заштита на неговата криминална моќ, односно на криминалната моќ на неговата група. Мицкоски не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од одговорност. Нема реформи, нема напредок, има изолација. Затоа се води антиевропска кампања, затоа со лажни наративи се напаѓа СДСМ за предавство, само за да се спречи влезот на Македонија во Европската Унија. Додека регионот забрзува кон ЕУ - Македонија забрзува кон пропаст.