Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
Со нови производи и картички за граѓаните и фирмите, Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството. Поволности за корисниците, како годишно бесплатно патничко осигурување, плаќање на рати без камати, максимален кредитен лимит до 10 илјади евра, најавија од банката со користење на Мастеркард Платиниум и бизнис. Старите картички клиентите ќе продолжат да ги користат, се додека не ја активираат новата картичка.
„Развивме сеопфатна и холистичка понуда на картички, која ќе продолжиме да ја прошируваме во тесна соработка со искусните тимови на Мастеркард и нивното вредно знаење, со цел да ги задоволиме очекувањата дури и на нашите најпребирливи клиенти”, изјави Хрисупа Кутуди, извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.
Со развојот на технологијата, вештачката интелегенција и дигитализација, од Мастеркард очекуваат некаде до 2030-та година сите плаќања да се реализираат со картичка, а кешот целосно да се истисне. Во некои земји, како скандинавските тоа и сега се случува и веќе се размислува да се укине готовинското плаќање.
„Од друга страна пак, во Полска, од каде што доаѓам јас, веќе почнува полека да се напушта готовинското плаќање, за транскации секаде се користат картички или телефон, така што верувам дека нашиот таргет – до 2030-та година ниту едно плаќање веќе нема да се прави во кеш.“, изјави Бартож Циолковски, Мастеркард.
Од банката најавуваат и вложувања во најсовремени системи за заштита на клиентите од злоупотреби и сајбер напади, но апелираат корисниците повеќе да се едуцираат и да не споделуваат лични податоци на секакви линкови.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
