Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип

Двајца малолетници се здобиле со повреди - едниот со потешки, а другиот со полесни, при сообраќајка во Штип, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера околу 17 часот во СВР - Штип е пријавено дека на крстосницата од улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С., на 64-годишна возраст од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди - неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во штипската Клиничка болница. По извршени проверки, констатирано било дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта - информираа од МВР.
Како што се додава во соопштението, по наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР - Штип.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
