ДУИ расчисти со огнените, Ахмети повика институциите да го проверат секој сомнеж за криминал
Обвинувањата за сериозен криминал ги фрлија во сенка изборите во ДУИ, но Ахмети ја постигна целта. Огнената група е целосно изолирана а во општината на Меџити на чело на интегративците доаѓа екс министерот Беким Незири.
Огнената група изборите веднаш ги прогласи за нелегитимни.
„Ова е само евтин театар за дефокусирање на јавноста. Процесот е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на претседателот Али Ахмети пред извесно време“ – се вели во реакцијата на огнените.
Фарса или не, ДУИ од вчера има 14 нови претседатели на општинските ограноци, но не и во Струга каде што изборниот процес е замрзнат откако Мерко се најде на црната листа на САД. Тоа е само дел од проблемите со кои се соочува Ахмети особено откако во јавноста излегоа бизнисите на неговиот син и децата на неговиот брат. Соочен со притисокот, тој и вчера побара истрага во партиските редови. На обвинителите им порача да почнат од него.
На стартот од последните 12 месеци пред редовните избори, ДУИ за прв пат е опозиција во Тетово откако два пати во една година ги загуби изборите, одамна нема градоначалник во Гостивар а во битката со огнените остана без контрола и во Чаир и Сарај.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
