ДУИ и СДСМ за укинување на техничката влада но од следните избори
Укинување на Прижинската Влада може да има но не пред овие избори. ДУИ не се откажува од премиер 100 дена пред избори. Потпретседателот на партијата утрово го одби предлогот на опозицијата
Опозицијата уште на средина од неделата понуди да се укине пржинската Влада веднаш за да се спречи кадар на ДУИ да биде премиер.
„Би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер.“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение утрово.
Пржинската Влада беше инсталирана во македонскиот закон пред изборите во 2016 година. Според поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, тоа е најголемата глупост која и се случила на Македонија. Предвидува 100 дена пред изборите Владата да ја води технички премиер предложен од мнозинството а неколку министерства да добијат кадри на опозицијата. Тоа е прилично чудно законско решение кое надвор од правната логика го спречува Собранието да се распушти тогаш кога за тоа ќе решат пратениците.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
