Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение

Почетокот на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах предизвика славје во Либан, додека Обединетите нации го поздравија договорот и повикаа на негово целосно почитување.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле од полноќ на сила да стапи прекин на огнот, по интензивните судири меѓу проиранското движење Хезболах и израелските сили.
Во главниот град Бејрут се регистрирани истрели и експлозии, за кои локалните медиуми наведуваат дека се резултат на славје. Жители излегле на улиците да прославуваат, особено во јужните предградија што беа најзасегнати со борбите.
Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, го поздрави договорот, оценувајќи дека може да отвори пат за пошироки мировни преговори.
„Се надевам дека ова ќе придонесе кон долгорочно решение и траен и сеопфатен мир во регионот“, напиша тој на платформата „Икс“.
Гутереш повика на целосно почитување на прекинот на огнот и да се следат нормите на меѓународното право.
Договорот беше постигнат по разговори меѓу Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Жозеф Аун, иако либанската влада нема директна контрола врз Хезболах.
МИА
Ново на Сител
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
