Македонија
17. April 2026 - 16:39

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје

Во организација на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи во Скопје се одржува Европскиот конгрес на абдоминални хирурзи на кој се дискутира за новите научни достигнувања во интерес на пациентите.

Според лекарите многу е важно да има функционален скрининг и едукација на населението за ракот на дебело црево да биде дијагностициран во рана фаза.