Примирјето во Либан стапи во сила
Израел и Хезболах почнаа 10 – дневен прекин на огнот. Во Бејрут луѓето славеа со огномети и истрели во воздух.
Примирјето кое стапи на сила доцна синока бепе договорено помегу изрелскиот премиер и либанскиот претседател со посредтво на САД.
-Имав одлични разговори со нив и тие се согласија на примирје со цел да се постигне мир помегу нивните земји, објави Трамп на Трут соушул.
Во постот американскиот претседател не го спомна Хезболах, милитатната група во Либан, поддржана од Иран со која Израел разменува оган во последните шест недели но подовна во друг пост ја повика група да се придржува до прекинот на огнот велејки – Се надевам дека Хезболах ке се однесува убаво и добро во овој важен временски период.
Хезболах порача дека ке го почитува прекинот на огнот, но бара израелските трупи да си заминат од либанската територија. За премиерот на Израел догворот претставува историска можност за мир, но и порача дека нема да го исполни барањето на Хезболах.
Израелските напади убија повеќе од 2.100 луѓе во Либан од 2 март и принудија повеќе од 1,2 милиони да ги напушат своите домови, според податоци на либанските власти. Некои од раселените жители почнаа да се вракаат во своите домови. Други пак не сакаат да се вратат додека нема траен крај на војната.
-Нека војната официјално престане, тоа е тоа. Запирањето на војната треба да значи целосно запирање на војната, тогаш ќе се вратиме. Но сега, не, ви велам дека нема да се вратиме додека не престане војната и тие не се повлечат од целата либанска територија.“
-Не знам ништо за мојот дом во Дахија (јужни предградија на Бејрут). Сè уште не сум бил во Дахија, ниту пак сум видел нешто. Ако е уништен, нека биде заради отпорот (Хезболах). Не ни е гајле за камења или пари; бараме достоинство и чест.“
Нападите на Хезболах убија двајца израелкси цивили, додека 13 израелски војници загинаа во Либан од 2 март, соопшти Израел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
