Македонија
18. October 2022 - 12:29

Дневен центар за лица со попреченост во Струга

Струга ќе добие Дневен центар за деца со посебни потреби. Следниот месец се очекува да биде отворен овој простор за кој веќе е избрана локација, а во тек е ентериерното уредување во кој првично ќе бидат згрижени 20- тина деца.

Сонот и идејата за изградба на вакво катче во неговото родно место е на стружанецот Ергин Борова кој долги години живее во Холандија. 

За подигнување на свеста Борова го преплива Охридското Езеро само со една цел, поголема грижа и нега за децата со посебни потреби.

Првенствено центарот ќе нуди дневен, а подоцна ќе се гради нов дом за престој на потешките случаи и оние лица за кои родителите не се веќе во состојба да се грижат каде стручен тим ќе работи за развојот на тие деца.

Повеќе од една година по затворањето на дневниот центар „Порака Нова“ лицата со попреченост од Струга немаат катче каде ќе се дружат и едуцираат.