Директорката на градинката во Автокоманда утре се враќа на менаџерската позиција
Анета Петровска од медиумите дознала дека ја разрешиле од директор во градинката Детска Радост во Гази Баба. Најави дека утре се враќа на работа на менаџерската функција бидејќи одлуката се уште не била правосилна. Негира злоупотреба на позицијата и криминални тендери како што ја обвини првиот човек на општината Бобан Стефковски. Дури и застрашувачките слики од објектот кои беа главен адут во досегашната институционална и политичка битка биле лански и штетите се веќе санирани, тврдат и Петровска и труд и социјала.
-Не е точно дека има корупција во детската установа. Слободно ги повикувам инситутциите да дојдат и да ги проверат сите набавки кои всушност ги има и на бирото за јавни набавки. Не е точно дека сме немале финансиски палн бидејќи ние за да направиме набавка без план не можеме да влеземе во системот, вели Анета Петровска директор на градинка Детска Радост.
Како што градоначалникот Бобан Стефковски покажувајќи ја целокупната документација најави дека ги алармирал сите надлежни институции, така и правната застапничка на Петровска вели дека ги известиле сите што треба, но кажа и за опструкциите со кои се соочувала директорката. .
-На Управен одбор расправаат за патучи на вработена која наместо бели сакала да носи клопми црни со цветови, и замислете за тоа расправаат а финансиските работи и планови ги ставаат под тепих и потоа обвинуваат за неработење, вели Златка Денковска, адвокат
Стефковски ја обвинува Петровска за неработење, таа, пак тврди дека нема никаков криминал. Во оваа битка третата страна се родители кои упатија отворено писмо до министерката Тренчевска. И најавија дека ако не ја разреши директорката ќе ги однесаат децата во труд и социјала таму да ги чуваат.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
