Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното гостување во Дневникот на МРТ.
- Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите коишто се евидентирани во системот на Министерството за финансии и да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата, рече министерката за финансии.
Таа потенцира дека преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна, како што е предвидено со Буџетот за 2026 година, и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.
Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит.
Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60 проценти од БДП порано од 2028 година, како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.
Таа потенцира дека во ставките за плати и пензии се предвидени средства согласно законските решенија и дека ќе има раст на минималната плата.
Во гостувањето најави дека во Министерството за финансии веќе се работи на објавување на нова емисија на Граѓанска обврзница и дека тоа ќе биде наскоро.
МИА
Ново на Сител
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
