Деветнаесет учесници на 37-от Охридски пливачки маратон

Деветнаесет маратонци од девет држави го најавија учеството на годинешниот 37-ми Охридскиот пливачки маратон што в сабота ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Единаесет пливачи во машка и осум во женска конкуренција ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.
Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.
Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро утре и задутре ќе се одржи и Балканското првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу двеста млади пливачи од регионот.
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
