Дембеле се врати на тренинзи по повредата

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, се врати денеска во тренажен процес, два дена пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони против Арсенал, објави францускиот првак.
Дембеле го напушти теренот со повреда минатиот вторник за време на победата од 1-0 над Арсенал во Лондон, но фотографиите попладнево на официјалните канали на клубот покажаа дека тој учествувал на заедничкиот утрински тренинг.
Иако клубот не даде повеќе информации, враќањето на Дембеле на тренинзите со тимот се толкува како позитивен знак дека би можел да настапи в среда и да му помогне на ПСЖ да стигне до своето второ финале во Лигата на шампиони.
Францускиот интернационалец е еден од клучните играчи во тимот на Луис Енрике оваа сезона, постигнувајќи 28 голови.
Во првиот натпревар против Арсенал, Дембеле беше стрелец на единствениот гол во четвртата минута, но беше повлечен од теренот во 70. минута поради повреда.
Ново на Сител
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
-

СЗО: Опремата за рехабилитација за Газа заглавена на граница
-

СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот
-

ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација
