Делегација на ЕУ: Заклучоците се јасни
Уставните измени не можат да важат со одложено дејство.
Делегацијата на Европската унија во земјава со порака дека заклучоците за уставните измени кои ги донесе Советот во јули минатата година се јасни
Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристап, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“, појаснуваат од Делегацијата на ЕУ од каде посочуваат дека не сакаат да коментираат детали од лидерската средба Ковачевски-Мицкоски.
Сепак ставот на делегацијата доаѓа откако со вакво барање, уставните измени да бидат ефективни по завршувањето на преговорите и зачленувањето на Македонија во ЕУ, Мицкоски излезе по лидерската средба
Македонската влада прифати втората меѓувладина седница со која всушност стартуваат преговорите со Унијата да се одржи откако уставните иземни ќе стапат на сила, најпрво со Протоколот кој на 17 јули минатата година во Софија го потпишаа Османи и Генчовска
Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“ стои во протоколот
Ова подоцна беше пресликано и во заклучоците кои ги донесе Советот.
Два дена по потпишивањето на протоколот со Бугарија, Македонија на 19 јули лани ја одржа првата меѓувладина седница со Европската Унија со што го стартуваше скрининг процесот кој се уште е во тек
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
