Дали партиските трибини се вовед во кампања за предвремени избори?
Избори не се прироитет за државата и тие ќе се одржат во редовниот термин, повтори премиерот Ковачевски откако по опозицијата и помалиот владин партнер Павле Трајановски дека тој би поддржал предвремени избори во април или мај до година.
Но и покрај тоа што Ковачевски одбива предвремемни избори тој веќе една недела нанзад речиси секојдневно е на партиски трибини низ државата за тоа што СДСМ сработило во својот мандат.
Во меѓувреме се вжештува атмосферата во албанскиот блок за уставните измени поврзани со бугарските барања, главно за смена на формулацијата 20 отсто со официјален албански јазик на ниво на цела држава.
Од БЕСА потврдија дека нивниот лидер Касами ќе инцира лидерска средба лидерите на ДУИ - Ахмети, на Алијанса – Таравари, на ДПА – Тачи и на Алтернатива – Гаши за ова прашање.
БЕСА се реши на ваков чекор по изјавата на Ахмети дека бадентеровата формулација во Уставот од 20 отсто не ги загрозува алабанските позиции во Македонија и дека кога ќе дојде време таа ќе биде променета.
Ахмети пак, во ДУИ се уште ги пегла разликите со т.н. огнена група и покрај тоа што по саботниот 10 часовен состанок на раковдството тој изјави дека смена на министри ќе нема. Од „Огнената група“ за Сител велат дека конечните одлуки сепак ќе се носат по партискиот состанок закажан за 19 ноември.
„Штом се работи за отчет на министри логично е дека се разговара и за нивна можна смена. Баравме дебатата да се врати внатре во партијата и тоа е добро што се случи, но очигледно се уште незадоволство има“, вели извор од Огнената група.
Доколку не се исполнат нивните барања, како отворени се уште стојат опциите за фркација и за поддршка на интерпелација на министри на ДУИ во парламентот. Сепак, промена на партискиот дрес или пак, издвоено гласање во Собранието не се во игра, велат од групата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
