Дали директорот на АНБ ќе одговори како Онишченко добил дозвола за македонски пасош
Директорот на АНБ Виктор Димовски потврдил дека во петок е подоготвен да даде отчет пред пратениците за позитивната безбедносната проценка што ја доби контроверзниот Украинец Онишченко за македонски пасош. Димовски треба да се појави на Комисијата за надзор над безбедносните служби што ја закажа опозиционерот Љупчо Пренџов.
Пред отчетот на Димовски утре пратениците ќе треба да го изгласаат дневниот ред на Комисијата што најмногу зависи од владејачкото мнозинство.
Од власта пак, бараат Димовски отчетот да го даде во Комисијата за надворешни работи со која раководи Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи директорот на АНБ е предложен за амбасадор на Франција. Милошоски вели без да се расчисти случајот не може да се разговара за амбасадорското место на Димовски.
Медиумскиот еснаф, пак, побара институционална заштита откако телевизиска екипа беше нападната додека известуваше за случајот на Украинецот. Напаѓачот е приведен и по итна постапка ќе заработи кривична пријава, велат надлежните.
Од власта без конкретен одговор кога законските измени ќе бидат донесени иако се во собраниска процедура.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
