ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска вегетација и грмушки); Општина Карпош – ул. Скупи, кај сервис Агромеханика (ниска вегетација и грмушки); Општина Гази Баба – Скопско Поле, покрај пруга (запалено дрво); Општина Ѓорче Петров – Стопански Двор (ниска вегетација и грмушки); Општина Битола – Тумбе Кафе (ѓубре и трева); Општина Битола – Тумбе Кафе и Зоолошката градина (сува трева); Општина Прилеп – ул. Дебарска, кај м.в. Теќе (депонија); Општина Струга – с. Лабуништа (ниска вегетација); Општина Струга – кај с. Калишта (ниска вегетација); Општина Струга – с. Ливада (ниска вегетација); Општина Крива Паланка – с. Мождивњак, м.в. Острец (шума – даб и ниска вегетација); Општина Тетово – близу ресторан „Сирач“ (сува трева); Општина Желино – с. Лешница (ѓубре и грмушки); Општина Кавадарци – локалитет Раец, кон с. Дреново и с. Ќесендре (нискостеблеста деградирана шума и сува трева); Општина Куманово – с. Рамановце (ниска вегетација); Општина Куманово – населба Пуковско (ниска вегетација); Општина Центар – бул. Гоце Делчев бб. (ѓубре и грмушки); Општина Арачиново – с. Арачиново (депонија); Општина Прилеп – с. Ракле (ниска вегетација); Општина Гостивар – с. Тумчевиште (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
