ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница

Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.
-Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во целосна координација со сите надлежни институции, на терен интервенираа два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на Територијалната противпожарна единица – Тетово, кои работеа непрекинато и со максимална посветеност. Благодарение на брзата, професионална реакција и координацијата на сите надлежни служби, пожарот е локализиран, а екипите остануваат на терен за следење на состојбата и целосно гаснење на преостанатите жаришта, со цел да не дојде до негово повторно активирање, соопшти ЦУК.
Директорот на ЦУК апелира до сите граѓани во наредните денови да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворен простор и секоја појава на чад или пожар веднаш да ја пријават на единствениот број за итни случаи 112.
МИА
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
