Loading Video...
Македонија
24. July 2026 - 16:29

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот

Друг договор со ЕУ не може да има, Македонија мора да најде начин како да ги вметне Бугарите во Уставот, ако сака да го продолжи евроинтегративниот пат, вели евроамбасадорот Рокас во интревју за КОХА. Потврди дека има разговори зад затворени врати, но за да успеат не сака да открива детали. Политичарите во Македонија вели, не се против уставните измени, но бараат гаранции дека тоа ќе биде последниот услов и нема да бидат опфатени македонскиот јазик и идентитет. 

Државата сака да се движи кон Унијата, а ваков момент за проширување немало од 2004тата година. 

Дека се водат разговори со ЕУ зад затворени врати за изнаоѓање решение да се деблокира европскиот пат на Македонија, потврди и министерот за надворешни работи Муцунски. Кое и да е решението ќе биде според принципите и постулатите на Владата. 

Јас мислам дека има позитивен импулс за изнаоѓање решение, но нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста. И дури за нешто да не се согласат сите страни вклучени во кој било процес, тогаш имате само разговори. Во овој момент не би сакал да се претворам во рецензент на прашањето дали сме блиску или далеку од решение“.

Според евроамбасадорот Рокас, Македонија континуирано треба да работи и на реформската агенда, а како прва и клучна реформа која треба да ја спорведе е борбата со корупцијата и владеењето на правото.