Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
Расте бројот на заболени овци од сипаници, вакцините се уште ги нема. Ресорниот министер уверува – на пат се, ќе стигнат наредниве денови. До сега евидентирани се 64 жаришта, 50 во Источниот, 7 во Североисточниот, 6 во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион. Угинати се 10 илјади овци, а точна бројка колку се под ризик, за сега не може да се проценти.
Донацијата од 500 илјади вакцини од Турција се уште не е пристигната, а дополнителни количини се бараат од Европската Комисија и од ФАО.
Во обид да се спречи ширењето на болеста министерот апелира - овчарите да се однесуваат одговорно и да дозволат надлежните да си ја вршат својата работа. Се утврдува цената и начинот на обештетување, дали ќе биде по килограм, или по грло.
„Апелирам до сточарите доследно да ги почитуваат институционалните превентивни препораки, веднаш да ги пријавуваат сомнителните случаи и да не користат заедничка опрема меѓу стадата без целосна дезинфекција. Еден од главните утврдени ризици за пренесување на заразата е стрижењето со ножици што претходно не биле дезинфицирани“, апелираше министерот Серафимовски.
Во претсојната сезона за откуп на грозје, нема отстапки за повисока цена за производителите. Таа е веќе утврдена - за килограм вранец изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката 20 денари.
Поволности и ќе има само за винариите. На следната владина седница, министерот ќе побара да се сменат условите за користењее кредит преку Развојната банка. Грејс периодот од 3 ќе се зголеми на 18 месеци, а годишната камата ќе си остане фиксна, од само 1 процент.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
