Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
Голем успех за македонскиот кикбокс – нашите натпреварувачи освоија четири златни и еден сребрен медал на Светскиот куп, во конкуренција на повеќе од 2.000 натпреварувачи од 47 земји.
Во вчерашните финални борби до златните медали стигнаа Пепи Велков, Андреј Смилевски, Калин Бабоски и Туркер Исмаил, додека Радослав Велески го освои сребрениот медал.
Особено импресивен настап имаше Туркер Исмаил во дисциплината „кик лајт“, кој до златото стигна со максимален ефект – четири борби и четири победи.
Македонската експедиција настапи со седум натпреварувачи, а дома се враќа со пет медали – четири златни и едно сребро.
Тренерот Дејан Митровски – Урко изрази големо задоволство од постигнатиот резултат, потенцирајќи дека уште еднаш македонските кикбоксери покажале дека можат да се носат со силна меѓународна конкуренција.
„Од седум натпреварувачи носиме пет медали. Најважно од сè е што никој од натпреварувачите не се здоби со посериозна повреда. Задоволен сум, а победите на нашите полуфиналисти и финалисти беа очекувани“, вели Митровски.

Тој посочи дека овие млади натпреварувачи, заедно со уште десетина кикбоксери кои поради повреди не можеле да настапат на Светскиот куп, се новите ѕвезди на македонскиот кикбокс.
„Оној кој тренира редовно, ги слуша тренерите, се оградува од неспортскиот живот и има зададено цел да успее, резултатите се неизбежни“, порача Митровски.
Ова беше последното контролно првенство пред двата големи предизвици што ја очекуваат македонската кикбокс репрезентација до крајот на годината.
Првиот е Светското јуниорско првенство од 18 до 27 септември, на кое Македонија треба да настапи со рекорден состав од 18 натпреварувачи и тројца тренери.
Потоа следува еден од најзначајните настани за македонскиот кикбокс – Европското сениорско првенство, кое од 6 до 15 ноември ќе се одржи во Скопје.
„Нашата концентрација во текот на целата година е насочена кон овие две првенства, каде треба да го дадеме максимумот и како натпреварувачи и како тренери, заедно со стручниот тим, но и како земја домаќин на Европското првенство. Се гордеам со резултатите на моите натпреварувачи и нивните тренери. Повторно докажавме дека кикбоксот е национален спорт број еден во нашата земја“, изјави Дејан Митровски – Урко.
На Светскиот куп учествуваа 2.011 натпреварувачи од 47 земји, со вкупно 3.012 пријавени настапи во различни категории и дисциплини.

Ново на Сител
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
