Македонија
21. јуни 2023 - 16:32

Бугарски пасош за 250 денари - Бугарска фондација најде дупка во планот за етничка графа во изводите

Извадете нови изводи за 250 денари и станете бугари – бугарската Фондација Македонија со ваква објава на социјалните мрежи ги повикува македонските граѓани да ги искористат измените на Законот за матична евиденција и да ги обноват изводите на родени. Со новововедената графа националност во изводите да се пишат како бугари и со тоа им гарантираат дека полесно ќе стигнат до бугарски пасош..

„Според новиот закон, можете да го ажурирате изводот на родените и да напишете националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ви даде можност со сигурност да добиете бугарско државјанство, но треба да напишете бугарска припадност во изводот на родените и со сигурност да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Вадете масовно вакви документи од С. Македонија, во кои ќе пишува националност бугарска. Чини 250 денари“, објави Фондацијата.

Фондацијата која редовно финансира антимакедонски проекти,  се повикува на објавениот Закон во Службениот весник на 15-ти јуни, каде е наведено и упатството како да се извадат нови изводи..

Со законот за матична евиденција кој неколкупати беше повлекуван од процедура, за минатата недела експресно во еден ден ги помина сите собраниски филтри , отсега секој кој кој ќе сака да извади документи од Управата за водење матични книги, ќе мора да кажете на која етничка заедница ѝ припаѓа. Односно измените воведуваат и нова графа за национална припадност во изводите на родените, венчаните, умрените.

За министерот Лога ова е начин да се спречат злоупотребите на етничката припадност во постапката при вработување според етничкиот балансер.Од правда за Сител велат дека упатството не се коси со законите, а графата за националност е задолжителна.

За оценување на уставноста и законитоста на Упатството надлежен е Уставниот суд на РСМ доколку претходно се покрене иницијатива.Графата за националност е задолжителна .Упатството не се коси со законите, напротив, донесувањето на Упатството и внесувањето на националност во изводите се заснова токму со Законот за матична евиденција.

Иако Законот е веќе објавен во Службениот весник, ќе започне да се применува од јануари идната година.