Македонија
20. October 2022 - 12:34

Бугарски државјанин приведен со два ножа во близина на бугарскиот клуб во Охрид

22 годишен бугарски државјанин фатен со ножеви во близина на бугарскиот културен центар Цар Борис Трети во Охрид.

Као што дознаваме лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници, кои  биле во близина, и при негов претрес ги пронашле ножовите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.

При преглед од страна на полициските службеници пронајдени и одземени се двата ножа.

Не се знае дали лицето од Бугарија има криминално досие и дали овој случај може да се поврзе со кршењето на таблата на клубот. Сител од свои извори дознава дека просторот околу бугарскиот клуб во трговскиот центар Амам се обезбедува и контролира 24 часа.

Инаку казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во Македонија.