Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим, составен од млади инженери и студенти, кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој - информираат од Министерството.
На настанот, кој се одржал во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, тимот ги претставил резултатите од изминатата сезона, процесот на работа и новиот болид по што следувало и негово демонстративно возење.
За министерката Божиновска, ваквите проекти се најдобар пример дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени инженерски решенија и да се натпреваруваат на меѓународната сцена.
- Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. Денес, видовме што се случува кога знаењето, идеите, храброста и истрајноста ќе добијат поддршка. Овој болид не е само технички производ, тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе - истакнала министерката Божиновска.
Таа посочила дека инвестицијата во младите инженери, науката, техничкото знаење и иновациите е инвестиција во македонската економија и индустрија затоа што токму вакви кадри се потребни за создавање современа, конкурентна и технолошки напредна економија.
- Како институции мораме да бидеме поддршка за младите што создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал - треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат - порачала Божиновска.

Особено значење има фактот што на проектот работат студенти од разни области, кои низ практична работа ги применуваат своите знаења од инженерството, машинството, електротехниката и други дисциплини функционирајќи како вистински инженерски тим.
По презентацијата, министерката Божиновска добила благодарница од тимот MES Racing за досегашната поддршка.
- Јас, пак, им благодарам ним - затоа што покажуваат дека младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзиниот сегашен потенцијал. Продолжете да создавате, продолжете да поместувате граници. Македонија има потреба од вас“ - порача министерката.

MES Racing е првиот и единствен македонски Formula Student тим, а преку своето учество на меѓународни натпревари ги претставува Македонија, македонското студентско инженерство и потенцијалот на младите инженери.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, велат од таму, останува посветено на поддршката на младите, науката, иновациите и инженерските иницијативи како важен дел од создавањето нови знаења, современи технологии и кадри што ќе ја движат македонската економија напред.
МИА
Ново на Сител
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
