Борбата на векот закажана за 17 февруари 2024 година

Тајсон Фјури и Александар Усик, двајцата најдобри боксери во тешка категорија, на 17 февруари следната година треба да се борат за титулата апсолутен светски шампион во најатрактивната боксерска категорија, објави ЕСПН.
Дуелот треба да се одржи во Саудиска Арабија и победникот би ги обединил сите појаси во тешка категорија, односно би станал апсолутен владетел.
Фјури моментално го држи ВБЦ појасот, единствениот појас што му недостига на Усик. Украинецот со победата против Ентони Џошуа ги зеде преостанатите четири – ВБА, ИБО, ВБО и ИБФ.
Последниот меч на Фјури беше против ММА борецот Френсис Енгану, во кој победи на поени, додека Усик го нокаутира Британецот Даниел Дабоу.
Фјури и Усик првично требаше да се борат во декември оваа година, но мечот на Фјури со Енгану малку ги попречи плановите.
Официјалното објавување на датумот на оваа борба се очекува во четврток.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
