Бизнис
2. March 2023 - 18:15

Бизнисот бара одговорност ако не се реализираат ветните капитални инвестиции

Владата да ги реализира ветените капитални инвестиции, а за секое доцнење, да се бара одговорност. 

Инфраструктурата, односно изградбата на патишта, железници, водовод и канализација се клучни, без нив нема економски развој, велат од Комората. Изминативе години секоја влада ги дава истите ветувања, а на терен состојбата останува непроменета. 

„Проекти кои се ветувани, а не се реазлизирани; пругата кон Бугарија, желеничката пруга кон Бугарија, пругата  Битола Кременица, Коридорот 10 е функционален, но работите се одложени, изборот на подизведувачи не е реализиран“, изјави Јелисавета Георгиева Јовевска, Стопанска Комора.

Децентрализацијата, односно зголемување на трансферите, парите од централната кон локалната власт може да придонесе за подобра реализација на капиталните инвестиции, велат од УНДП. 

Од анкетата која ја спровеле, 72% од општините изјавиле дека војната во Украина им ги зголемила трошоците за храна и сметки, па малку пари останале за инфрастуктура. Голем дел пак од патиштата се опасни и небезбедни, а има и рурални општини кои немаат вода и канализација. Затоа сметаат дека со повеќе пари и поголема моќ на општините, состојбата може да се подобри.