Без струја одредени делови од Скопје

Без електрична енергија денеска ќе останат одредени делово од Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи.
-Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 08.04.2026 година без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с.Блаце (општина Чучер Сандево); во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците Катланово,Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци (општина Петровец); во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с.Бадар (општина Петровец); во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од с.Кожле (општина Петровец), соопшти ЦУК по добиено известување од ЕВН.
Исто така без струја во периодот од 09:00 до 15:30 часот, ќе останат дел од потрошувачи на ул. „Ѓуро Салај“ и ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“ (општина Ѓорче Петров), како и корисниците до дел од ул. „Лувќенска“ и дел од „Илија Палев“ и „Леринска“ (општина Карпош) од 9 до 15 часот и корисниците ул. „Тодор Чангов Подулички“ 8,10,12 (општина Аеродром) од 10:00 до 14:00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
-

СЗО: Опремата за рехабилитација за Газа заглавена на граница
-

СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот
-

ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација
-

Ѓорѓиевски: Рекордна реализација на капитални инвестиции во првиот квартал на 2026 година
-

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал
