Loading Video...
Македонија
12. May 2026 - 16:34

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија

Подготвени сме да одиме по потешкиот пат до Брисел а местото во Европската Унија ќе го заслужиме со квалитет а не со самопонижување. Премиерот се надева дека квалитетните реформи ќе ги потиснат идентитетските прашања во процесот на интеграција.

Посветеност на реформите ветува и шефот на дипломатијата. Во интервју за европљуз тој ја повика официјална Софија на дијалог, потсетувајќи на македонските црвени линии.

А првиот контакт на македонската и новата бугарска дипломатија се случи вчера во Брисел и не остави многу простор за оптимизам. Не недостигаа ниту провокации откако новата шефица на бугарската дипломатија не нарече северномакедонци и уште еднаш ги повтори позициите дека без Бугари во Уставот нема напредок кој Европската Унија.

Токму пред овие позиции напишани на екранот на Бихаќка денеска стоеше опозицискиот лидер кој ја обвини власта за блокада на интеграциите.

За изјавата на новата бугарска министерка, македонската дипломатија испратила протестна нота до Бугарија а бугарскиот амбасадор во земјава бил повикан на консултации во македонското МНР.