Македонија
2. May 2023 - 16:34

БЕСА и Алтернатива на чекор до заеднички настап

Гаши и Касами од стари ривали, до нови соработници.

На повидок е заеднички фронт на Алтернатива и БЕСА. Од двете партии потврдуваат дека разговори на оваа тема има, но конечен договор се уште не.

Партијата на довчерашниот владин партнер Гаши за ова прашање ќе решава утре на состанок на највисокиот партиски орган. Оттаму потенцираат дека одлука ќе се носи исклучучиво за соработка со БЕСА.

Фронтот за Европа се распадна кога Алијанса одлучи да го спасува ДУИ. Што се однесува до соработката со БЕСА, утре ќе заседава Централното претседателство по што ќе биде соопштена одлуката, кусо ни одговорија од Алтернатива.

Ист став и од БЕСА. „Вистина е дека сме воспоставиле комуникација со Алтернатива како опозициска партија и сме во тек ма приближување на ставовите, но многу е рано да се каже дека имаме или ќе создадиме "Европски или било каков фронт". Но ние како Движење Беса сме подготвени да соработуваме со сите што се заинтересирани за соработка против ова корумпирана владина гарнитура да не биде повеќе на власт, туку на власт да си дојдат подобри, поспремни и некорумпирана политичка гарнитура“, посочуваат од партијата на Касами.

Соработката помеѓу Гаши и Касами се најавува откако пред 4 години, Гаши ја напушти БЕСА и ја формираше Алтернатива. 

Челниците и на двете партии изминатиот период одржаа средби и т.н. Огнена група на ДУИ, но дали може да се очекува заеднички настап на сите три групи на следните избори, засега никој не потврдува.