-->
-->
БЏК куп: Поради дожд финалето Македонија – Португалија одложено за недела
-->

Претпладнево на терените на Југ требаше да се одигра финалето од Били Џин Кинг купот помеѓу Македонија и Португалија но за жал поради обилните врнежи истото ќе се одигра утре со почеток во 10 ч.
Женската тениска репрезентација на Македонија има убава шанса да се пласира во втората група од Били Кинг купот откако во полуфиналето беше подобра од селекцијата на Косово и во финалето ќе ги одмери силите со селекцијата на Португалија.
Овој натпревар поради обилните врнежи ќе се одигра утре во 10ч и се надеваме дека нема да ги поремети Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска да продолжат со победите и да го освојат првото место на турнирот кој се игра во Скопје.
За Португалија настапуваат сестрите Жорге, Матилде и Франциска кои се послабо рангирани од Ѓорческа и во сингл и во дубл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
