Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
Припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР доцна синоќа спровеле акција на повеќе локации во Скопје, при што биле извршени претреси и биле уапсени повеќе лица во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдиле информацијата дека акцијата била спроведена, додека повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.
Според неофицијалните информации, истрагата се однесува на сомнежи за финансиски злоупотреби поврзани со наплатата на надоместоци при регистрација на возила. Се сомничи дека преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани и пренасочувани парични средства.
Во случајот, според истите информации, се опфатени физички лица и правни субјекти, а меѓу осомничените наводно има и вработени во државни институции и претпријатија. Едно од лицата, според неофицијалните информации, е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта.
Акцијата, наводно, била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата, по што истражните органи започнале со реализација на случајот.
Првичните информации говорат дека финансиската штета се проценува на над 13 милиони денари.
Акцијата сè уште е во тек, а повеќе официјални информации за бројот на приведени, нивната поврзаност со случајот и висината на причинетата штета се очекуваат во текот на денот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
