Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов, соопштија од судот. Со ова, Ристов останува во куќен притвор, откако одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.
Судијата Ристов, кој работеше во Апелациониот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следи откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш, заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино, за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.
Случајот првично започна со адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој во декември 2025 година беше фатен ин флагранти при примање 20.000 евра од договорен вкупен износ од 100.000 евра мито. Парите, според Обвинителството, биле наменети за посредување и влијание врз апелацискиот судија за укинување мерка притвор во конкретен предмет.
Стафа ја призна вината, склучи спогодба со обвинителството и беше осуден на една година и три месеци затвор за примање награда за противзаконито влијание.
Врз основа на обезбедените докази, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата, а постапката и натаму е во тек.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
