Македонија
11. September 2023 - 16:37

Антикорупционерите отворија нов предмет за Мерко, старите застареа со законските измени

Собранието со европско знаменце го амнестираше, антикорупциска му поднесува нова кривична пријава. Тврдат дека Мерко со фалсификување на документи го довел во заблуда катастарот да пренамени пат во градежно земјиште. Според антикорупционерите на Мерко му помогнале и судиите од Управниот суд за кои ќе се бара одговорност пред судскиот совет.

Сега на потег е јавното обвинителство кое треба да ја процесира оваа кривична пријава. Доколку се реши Мерко да го носи на суд, обвинителството ќе му отвори нови главоболки на струшкиот градоначалник кој здвина по одлуката на Собранието да го амнестира за целиот криминал поради кој САД летово го ставија на црната листа. Но, европското знаменце и 24 часа во Собранието Мерко во Македонија го направија слободен човек бидејќи со измените во кривичниот законик му застареа сите 30 кривични дела. Мерко се спаси и од 10 истраги на струшкото и 5 на обвинителството за гонење на организиран криминал.
Антикорупционерите денеска одлучуваа и за финансирањето на ДУИ. Констатираа дека не се надлежни и постапката ја префрлија во Државниот завод за ревизија.