Анализа - На што се должат засилените трибини и средби со граѓаните на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ?
Ковачевски на партиски трибини дава отчет за тоа што неговата партија сработила до сега додека е на власт. Мицкоски пак, на терен ги проверува градоначалниците и најавува што неговата партија би сработила доколку дојде на власт. Декорот несомнено е предизборен.
Од владејачката СДСМ сепак, тврдат дека се работи за редовна практика за да се слушнат потребите на граѓаните. Време на криза е, велат тие, па потребно е дополнително да се дообјаснат некои мерки. Стојат на зборот на нивниот лидер дека изборите ќе бидат во редовниот термин.
„Разговараме за мерките и политиките на СДСМ и претседателот Ковачевски, да дадеме отчет што е сработено, но и да слушнеме предлозите и мислењата на граѓаните. Секако да ја претставиме визијата за наредниот период на СДСМ и претседателот Ковачевски. Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ.“
Иако од опозциската ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат предвремемни избори, велат дека посетите на Мицкоски се чисто контролни.
Мицкоски оди на терен затоа што директно го вложи својот кредибилитет и беше носител на кампанјата која победи убедливо на локалните избори во двата круга. Се следи реализацијата на проектите и помага во остварување на ветеното. ВМРО-ДПМНЕ не е салонска партија, а Мицкоски е политичар кој држи до својот збор и ветеното на граѓаните
За аналитичарите, лидерското излегување на терен е со цел членствотот да се држи будно, но дали ќе биде и во функција на нови избори ќе зависи од најавената лидерска средба.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
