Анализа - Дали ,,огнените‘‘ од ДУИ ќе го нарушат комодитетот на Владата?
Позицијата на Али Ахмети во ДУИ не е загрозена со новото интензивирање на огнената група, но појавата на струја во која се тројца пратеници, неколку градоначланици, и поранешни клучни функцинери кај интегративците е почеток на битката за негов наследник кога тој ќе се повлече од политиката, велат аналитичарите.
Селими е категоричен дека групата нема да формира своја партија, или пак, да влезе во коалиција со друга од алабанскиот блок, туку абнализира дека ова е само внатрешен притисок за смена, пред се на Артан груби, но и новите кадри и враќање на своите изгубени партиски позиции.
Сепак, колку и да дејствуваат во рамките на владејачката ДУИ, со најавите дека не застануваат бланко зад сите владини предлози Огнените ќе предизвикаат нестабилност во владејачкото мнозинство, смета аналитичарот.
Иако незадволството на пратеникот Изет Меџити беше видливо уште пред две години, Огненената група го официјализира својот настап во септември годинава.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
