Loading Video...
Македонија
13. November 2023 - 21:36
Aналитичарите во Софија оптимисти за посетата на Желјазков
Доаѓањето на претседателот на бугарското Народно собрание во Скопје е убав гест за затоплување на односите Скопје-Софија кои се заладени веќе некое време, сметаат експертите во Бугарија.
Покрај евроинтеграцискиот процес, софиските аналитичари сметаат дека главен фокус на неговата посета ќе биде економијата.
По стабилизирањето на политичката состојба во Софија, Владимиров смета дека сега е поминато времето на провокации од бугарска страна. Но, вели дека прашањата околу спорот меѓу Скопје и Софија ќе добие поголем акцент во Македонија.
Посетата на Желјазков доаѓа во Скопје каде ќе се сретне со неговиот македонски колега, Талат Џафери. Предвидено е да ја посети црквата „Свети Спас“ и да положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
