Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија

Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија бугарската воздухопловна база Безмер, потврди бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции во Иран.
Соединетите Американски Држави, кои се во војна со Иран од 28 февруари, пред еден месец побараа нивно привремено распоредување во Бугарија според договор што го регулира споделувањето на воените објекти.
Иран веднаш остро реагираше дека нивното распоредување би претставувало учество во „агресија и воени злосторства“, потег што Софија го отфрли.
– Носителите на одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за опасната одлука за стационирање на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.
Бугарија ја засили безбедноста во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија.
Реакцијата на бугарските власти дојде откако „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извори блиски до иранскиот режим, објави дека иранските сили ја проценуваат можноста за напад врз американски воени објекти во југоисточна Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го ескалира конфликтот со Иран.
Распоредувањето на авионите, што беше одобрено од бугарскиот парламент на 22 јули, предизвика протести на жителите на населените места околу Безмер кои стравуваат дека базата може да биде нападната од ирански ракети и беспилотни летала.
Министерот за одбрана Димитар Стојанов изјави дека сите летови на авионите за време на нивното привремено распоредување биле тренажни и над сојузничките земји и дека Бугарија „нема информации за директни закани за нејзината национална безбедност“.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
